Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 163.771 статии на македонски јазик и 295 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Image

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 28 август 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1929  Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија.
1963  Пред околу 200.000 поддржувачи во Вашингтон Мартин Лутер Кинг го одржал познатиот говор за правата на црнците „Имам еден сон“.
1991  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“.
1996  На православниот христијански празник Успение на Света Богородица во црквата „Света Богородица“ кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.
1996  Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.

Родени:

1749  Јохан Волфганг Гете — германски писател.
1796  Ирене-Жил Бјенеме — француски математичар.
1801  Антоан Огистен Курно — француски филозоф и математичар.
1851  Иван Тавчар — словенечки писател и политичар.
1917  Сотир Гулески — македонски писател.
1925  Аркадиј Стругацки — руски писател.
1936  Радомир Ивановиќ — српски и црногорски есеист.
1949  Светислав Пешиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер.
1957  Виктор Христенко — руски политичар.
1960  Нона Караџова — бугарски политичар.
1960  Хулио Сезар Ромеро — парагвајски фудбалер.
1969  Џек Блек — американски глумец.
1977  Тодор Гечевски — македонски кошаркар.
1978  Мирко Енглих — германски борач.
1982  Тијаго Мота — бразислко-италијански фудбалер и тренер.
1989  Јенс Дебишер — белгиски велосипедист.
1989  Сезар Азпиликуета — шпански фудбалер.
1990  Бојан Кркиќ — шпански фудбалер.

Починале:

1968  Антон Панов — истакант македонски писател.
1987  Џон Хјустонамерикански филмски режисер.
1995  Михаел Енде — германски писател.

Празници:

٭  Ден на рударите на Македонија.
٭  Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Орел змијар (Circaetus gallicus) во Бигван, Махараштра, Индија.
Дали сте знаеле...


Поглед на Стар Дојран
Поглед на Стар Дојран


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 163.771 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич