Прејди на содржината

Википедија:Значајност (музика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Image Најважното од страницава: Оваа страница нуди критериуми врз чија основа можеме да да решиме дали некоја музичка тема е значајна.
Кратенки:
ВП:МУЗИКА
Значајност
Поврзано
* Што не е Википедија

Важна напомена: Ако статијата не ги задоволува насоките и напатствијата содржани овде, тоа не значи дека автоматски треба да биде означена за брзо бришење. Но, ако не постои ни малку обид да се утврди зошто таа статија е значајна да постои, може да биде избришана.

Статија за уметник или бенд што не укажува дека темата на статијата е важна или значајна може брзо да се избрише. Самото тврдење за значајност, дури и ако е оспорено, може да избегне брзо бришење, додека да се утврди дали статијата треба да биде вклучена на Википедија.

Имајте предвид дека неисполнувањето на кој било од овие критериуми не значи дека статијата мора да се избрише, и обратно: исполнувањето на кој било од овие критериуми не значи дека статијата мора да се задржи. Напротив, ова се општи правила што треба да ги користат уредниците кога одлучуваат дали да некоја статија треба да се задржи или да се избрише.

Критериуми за музичари и ансамбли

[уреди извор]

Веќе постојат на Википедија статии за бројни музички групи, пејачи, и други музичари и музички ансамбли, (види Категорија:Музичари).

Музичарите или ансамблите (овде се вклучени и бендови, пејачи, рапери, оркестри, диџеи, музички театарски групи, инструменталисти, хорови, итн.) може да бидат значајни ако исполнуваат барем еден од следниве критериуми.

  1. Бил предмет на повеќе, нетривијални, објавени дела што се појавуваат во извори кои се веродостојни, не се самообјавени и се независни од самиот музичар или ансамбл.
Овој критериум вклучува објавени дела во сите форми, како што се статии и големи интервјуа дадени во весници, книги, списанија, онлајн верзии на печатени медиуми и телевизиски документарци, освен соопштенија за медиумите, и слични рекламни и други публикации каде што музичарот или ансамблот зборуваат за себе и се рекламираат, како и статии во училишен или универзитетски весник (или слично).
  1. Имал сингл или албум на националната музичка листа на која било земја.
  2. Има златна, сребрена или платинеста плоча (или друг вид на носач на звук) сертифицирана во најмалку една земја.
  3. Има добиено сериозно известување во независни доверливи извори за меѓународна концертна турнеја или национална концертна турнеја во најмалку една суверена земја. Под турнеја се подразбира настап во најмалку 6 градови.
  4. Има издадено два или повеќе албуми за голема издавачка куќа или за една од поважните независни куќи, односно независна куќа која постои барем неколку години, и која веќе издала носачи на звук на изведувачи, кои се значајни.
  5. Не треба да се создаваат статии за група која по ништо друго не е значајна освен затоа што еден период член бил музичар кој станал значаен подоцна сам по себе или како член на значајна група. Ова треба да се прилагоди соодветно на музичкиот жанр: на пример, изведување на две главни улоги во големи оперски куќи. Забележете дека овој критериум треба да се толкува со претпазливост, бидејќи имало случаи каде што овој критериум бил цитиран на кружен начин за да се создаде самоостварувачка јамка на значајност: на пр., музичар кој бил „значаен“ само затоа што бил во два бенда, од кои едниот или двата бенда биле „значајни“ само затоа што овој музичар бил во нив.
  6. Станал најистакнат претставник на значаен стил или локална урбана сцена. Имајте предвид овде дека предметот мора да ги исполнува сите вообичаени стандарди на Википедија, вклучително и проверливоста.
  7. Добитник е на музичка награда, како што се музичките награди: Греми, Џуно или Меркјури, или на пример во Македонија награда на Макфест, итн.
  8. Победил на големо, значајно музичко натпреварување.
  9. Изведувал музика за значајно медиумско дело, како што е лајтмотив за програма на голема телевизиска мрежа, или за значаен филм. (Но, ако ова е единственото тврдење за значајност, веројатно е посоодветно само да се спомене во главната статија и да се пренасочи кон таа страница.)
  10. Делото било на програма на национално ниво од страна на голема радио или музичка телевизиска мрежа.
  11. Музичарот бил тема на получасовна или подолга програма на радио или телевизиска мрежа со национална покриеност.

Поединечни членови, изведувачи на ријалити телевизија

[уреди извор]
  1. Членовите на значајни бендови се пренасочуваат кон статијата за бендот, не се создаваат поединечни статии за нив, освен ако не покажале дека самите се индивидуално значајни.
  2. Пејачите и музичарите кои се значајни само по учеството во телевизиска серија со ријалити може да бидат пренасочени кон статија за серијата, сè додека не покажат дека се независно значајни.

Композитори и текстописци

[уреди извор]

За композитори, автори, либретисти или текстописци:

  1. Лицето било предмет на повеќе независни објавени дела чиј извор е независен од лицето, и е сигурен и веродостоен.
Овој праг вклучува објавени дела од сите форми, како што се статии во весници, книги, статии во списанија и телевизиски документарци, со исклучок на следново:
Автобиографии, медиумски соопштенија и реклами за лицето.
Дела што се состојат исклучиво од тривијални содржини, како што е минливо споменување на лицето во дискусија за друга тема, или едноставно вклучување во едноставни списоци на автори на корици, белешки, фусноти, итн.
  1. На лицето му се припишува пишувањето или соавторство во пишувањето на кој било текст или музика, односно музичко или театарско дело (вклучувајќи мјузикл, опера, и слично) за музичар или ансамбл или театар што се квалификува како значаен според претходните критериуми, за значаен театар или бил ангажиран од музичар или ансамбл што се квалификува како значаен според претходните критериуми.
  2. Неговите дела се користени во подоцнежна композиција од автор, композитор или текстописец кој ги исполнува горенаведените критериуми.
  3. Напишал песна или композиција која победила (или во некои случаи освоила прво или второ место) на водечки музички натпревар кој не е експлицитно воспоставен како настан за откривање таленти или за „нова надеж“.
  4. Се појавува со разумна должина во стандардни референтни дела за неговиот жанр.

Доколку е можно, композиторите или текстописците со недоволно проверлив материјал за да се оправда важноста за постоење на нивна посебна статија, треба да се спојат во статијата за нивното дело, доколку делото е многу познато и важно. Кога композиторот или текстописецот е познат по повеќе дела, таквото спојување можеби нема да биде можно.

За композитори и изведувачи надвор од медиумското покривање, критериуми за значајност се ако лицето:

  1. Во сигурни извори е цитирано како влијателно во стилот, техниката, репертоарот или предавањето на одреден вид музика.
  2. Воспоставило традиција или школа на одреден жанр.
  3. Компонирало значителен број мелодии, аранжмани или стандарди што се користат во значаен жанр или традиција или школа во рамките на значаен жанр.
  4. Често е опфатено во публикации посветени на значајна субкултура.

Албуми

[уреди извор]

Иако ова упатство е донекаде контроверзно, општиот консензус за значењето на албумите е дека ако музичарот или бендот што ги снимил се смета за значаен, тогаш нивните албуми се исто така доволно значајни за да имаат посебни статии на Википедија. Сепак, албумот не мора да биде од значаен изведувач или ансамбл за да заслужува самостојна статија, само доколку ги исполнува општите упатства за значајност. Статиите за албуми кои немаат доволно текст, односно во најголем дел содржината е списокот на песни, посоодветно е да се спои во главната статија на изведувачот или статијата за дискографија на изведувачот, наместо да постои како посебна статија за албум.

Синглови и песни

[уреди извор]

Песните и сингловите се веројатно значајни ако добиле значително внимание како тема на повеќе, нетривијални објавени дела чии извори се независни од изведувачот и издавачката куќа. Ова ги вклучува објавените дела во сите форми, како што се статии во весници, книги, телевизиски документарци или рецензии, освен медиумските соопштенија за медиумите или други публикации каде што изведувачот, неговата издавачка куќа, агент или други самозаинтересирани страни го рекламираат или зборуваат за делото.

Песна што ги исполнува критериумите за значајност не значи дека нужно ќе се третира како посебна, самостојна страница, а прашањето дали да се создадат самостојни страници за поединечни значајни песни е предмет на уредничка проценка. Оваа одлука секогаш треба да се основа врз специфични размислувања за тоа како темата да се направи разбирлива. Понекогаш, значајните песни можат подобро да се опфатат како дел од поголема статија, каде што може да има поцелосен контекст што би се изгубил ако песната има своја посебна статија. Освен значајноста, самостојна статија за песна може да постои само ако има доволно материјал за да се оправда разумно детална статија. Ако за статија за песна нема доволно текст, односно ако остане никулец, треба да се спои со статии кои постојат за изведувачот или за албумот.

Концерти и турнеи

[уреди извор]

Концертните турнеи се веројатно значајни ако добиле значително известување во повеќе независни и сигурни извори. Таквата медиумска покриеност може да покаже значајност во однос на уметничкиот пристап, финансискиот успех, односот со публиката или други слични термини. Изворите што само утврдуваат дека се случила турнеја не се доволни за да укажат на значајност. Турнеите за кои не се пишува во секундарни извори, треба да бидат опфатени во дел на страницата на уметникот, наместо да се создаде посебна статија за таков настап. Турнеја што ги исполнува стандардите за значајност не ги прави сите турнеи поврзани со тој уметник значајни. „Bad (1988)“ на Мајкл Џексон е пример за значајна концертна турнеја.

Статии кои не ги задоволуваат критериумите

[уреди извор]

Википедија не треба да има посебна статија за личност, бенд или музичко дело што не ги исполнува критериумите, ниту на ова упатство, ниту на општото упатство за значајност, ниту за која било тема, и покрај тоа што можеби исполнува некои од правилата опишани погоре, за кои уредниците на крајот не можат да пронајдат независни извори што даваат детални информации за темата. Цел на Википедија не е да се создаваат никулци, односно мали статии за кои знаеме дека никогаш не можат да се прошират, ниту статии засновани првенствено врз она што субјектите го кажуваат за себе.

Именување и должина на статиите за музика и музичари

[уреди извор]
  • За албуми и песни на странски автори за кои може да има посебна статија затоа што се значајни, се препорачува името на статијата да биде во оригинал и внатре во првата реченица да стои изговорот на насловот и/или превод.
  • За музички групи се препорачува името на статијата да биде кирилица како што се изговара, на пример Битлси, Ролинг стоунс, и во првата реченица да се запише оригиналното име на музичката група.
  • Се препорачува должината на статиите за музика да не биде попоплнета само со список на видеа или песни. Доколку списокот е долг, се препорачува да се скрати само на најзначајните, односно да се направи избор на песните.